Почитувани учесници и професори
Во прилог се поставени прелиминарните резултати од државниот натпревар по историја организиран од ЗИРМ во 2026 година.
Согласно со правилникот на натпреварот и со цел да се обезбеди максимална правичност и транспарентност, ги информираме сите учесници дека е отворена можноста за поднесување на приговор во однос на тестот и понудените решенија.
Приговор може да се поднесе доколку сметате дека:
Одредено прашање не е соодветно на понудениот материјал за подготовка,
Постои грешка во понудените точни решенија,
Постојат објективни основи за прифаќање на алтернативен одговор како точен.
Рок за поднесување на приговор: 24 часа од моментот на објавување на прелиминарните резултати.
Приговорите се доставуваат исклучиво на следната електронска адреса: istorija.natprevar@gmail.com
Во приговорот, ве молиме јасно да наведете:
Име и презиме на учесникот;
Ментор и училиште од кое доаѓа;
Бројот/броевите на прашањето/прашањата за кои поднесувате приговор;
Детално образложение зошто сметате дека приговорот е основан.
Комисијата за приговори ќе ги разгледа сите пристигнати приговори внимателно и професионално. На секој поднесен приговор ќе одговориме во рок од 48 часа од неговото пристигнување. По обработка на сите приговори, ќе бидат објавени конечните резултати од натпреварот.
Благодариме ви за разбирањето и за заедничкиот придонес кон фер и коректно спроведување на натпреварот.
Тест со решенија од државниот натпревар по историја во 2026 година



