Прелиминарни резултати од државниот натпревар по историја за средно образование организиран од ЗИРМ во 2026 година

Почитувани учесници и професори


Во прилог се поставени прелиминарните резултати од државниот натпревар по историја организиран од ЗИРМ во 2026 година.
Согласно со правилникот на натпреварот и со цел да се обезбеди максимална правичност и транспарентност, ги информираме сите учесници дека е отворена можноста за поднесување на приговор во однос на тестот и понудените решенија.


Приговор може да се поднесе доколку сметате дека:
 Одредено прашање не е соодветно на понудениот материјал за подготовка,
 Постои грешка во понудените точни решенија,
 Постојат објективни основи за прифаќање на алтернативен одговор како точен.


Рок за поднесување на приговор: 24 часа од моментот на објавување на прелиминарните резултати.

Приговорите се доставуваат исклучиво на следната електронска адреса: istorija.natprevar@gmail.com

Во приговорот, ве молиме јасно да наведете:
 Име и презиме на учесникот;
 Ментор и училиште од кое доаѓа;
 Бројот/броевите на прашањето/прашањата за кои поднесувате приговор;
 Детално образложение зошто сметате дека приговорот е основан.

Комисијата за приговори ќе ги разгледа сите пристигнати приговори внимателно и професионално. На секој поднесен приговор ќе одговориме во рок од 48 часа од неговото пристигнување. По обработка на сите приговори, ќе бидат објавени конечните резултати од натпреварот.


Благодариме ви за разбирањето и за заедничкиот придонес кон фер и коректно спроведување на натпреварот.

Тест со решенија од државниот натпревар по историја во 2026 година

Comments are closed.