Повик за државен натпревар за средни училишта
Почитувани ученици и професори,
Здружението на историчари на Република Македонија согласно Статутот на
Здружението и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2026 година на
14.3.2026 година го реализираше општинскиот натпревар, на 18.4.2026 година го реализираше
регионален натпревар, додека на 23.5.2026 година ќе го организира државниот натпревар по
историја за учениците од средните училишта.
Од есеите пристигнати во предвидениот рок, согласно поставените критериуми, на
државниот натпревар по историја, организиран од Здружението на историчари на Република
Македонија, се пласираа ученици наведени на списокот во прилог.
Државниот натпревар по историја за учениците од средните училишта ќе се одржи со
физичко присуство на учениците на 23.5.2026 година во 11 часот во просториите на
Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (за конкретните
простории ќе бидете информирани дополнително).
Во чест на овогодинешниот голем историски јубилеј – 150 години од Разловечкото
востание, на натпреварот, на учениците ќе им биде зададен тест на знаења во кој ќе бидат
содржани прашања и задачи на тема: „Македонија за време на Големата источна криза“.
Здружението на историчари на Република Македонија на следниот линк Ви ја доставува
потребната литература за државниот натпревар по историја за учениците од средните
училишта, со цел еднаков пристап на сите учесници до истата.
Линк до материјалите за подготовка на натпреварот: https://shorturl.at/M6ISn
Учество на натпреварите можат да земат сите ученици од средните училишта во
Република Македонија кои се квалификувале на државниот натпревар и кои ќе се пријават до
18.5.2026 година. За пријавувањето потребно е да се достави доказ за уплатена котизација во
вредност од 800,00 денари, како што и претходно беше наведено. Средствата за котизација
треба да се уплатат на следната жиро сметка: 300000000078606, Комерцијална банка АД
Скопје, со цел на дознака: „Име и презиме на ученикот“; „Назив на училиштето“, за учество на
натпревар по историја. Уплатница треба да се достави најдоцна до 18.05.2026 година на
следната електронска адреса: istorija.natprevar@gmail.com.
По овој датум пријавите за учество нема да бидат прифатени.
Сите училишта кои имаат потреба од профактура или фактура, најдоцна до 27 април
2026 година на е-пошта istorija.natprevar@gmail.com да ги достават следниве информации:
полн назив на училиштето; адреса на седиштето (улица, број, поштенски код, град); даночен
број (ДИН); матичен број на правното лице; е-пошта за контакт; број на учесници.
Прегледувањето на зададените тестови на знаења ќе биде направено по одржувањето на
натпреварот, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна 3 дена по натпреварот.
Ви посакуваме успешна работа и Ве очекуваме на натпреварот!
Здружение на историчарите на Република Македонија
Ученици кои успешно го поминаа регионалниот натпревар и се пласираа на државениот натпревар по историја организаиран од ЗИРМ во 2026 година:






