Доделени наградите за „Скопје памти: 55 години од скопскиот земјотрес“ – концептуален натпревар на ЗИРМ

posted in: Настани | 0

На ден 3.11.2018 година (сабота) се одржа вториот дел од проeктот „Скопје памти: 55 години од Скопскиот земјотрес“ во организација на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ), Скопје и соработка на Град Скопје. Настанот се реализира во просториите на Институтот за национална историја (ИНИ).

Во првиот дел од настанот беше одржано предавање на професори од ИНИ поврзано со катастрофалниот земјотрес што го погоди градот Скопје во 1963 година. Свои излагања имаа: проф. д-р Катерина Мирчевска, проф. д-р Лидија Ѓурковска и доц. д-р Александар Манојловски.

Во вториот, свечен, дел беа доделени наградите од натпреварот одржан на 27.10.2018 година во Гимназијата „Никола Карев“, на кои земаа учество ученици од скопските гимназии. Прво место освои ученикот Никола Чаѓановиќ од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, второ место ученикот Виктор Јовчески од гимназијата „Никола Карев“ и трето место ученичката Марија Јанева од гимназијата „Георги Димитров“.
Првите тројца пласирани добија соодветни награди, а воедно и сите учесници добија про една книга од книжниот фонд на ИНИ. Исто така, учесниците на натпреварот и нивните ментори добија благодарници и сертификати за нивното учество во проектот „Скопје памти: 55 години од Скопскиот земјотрес“.

Comments are closed.