Со голема радост Ве известуваме дека на 18.5.2024 г. успешно се реализираше државниот натпревар за средно образование во организација на Здружението на историчари на Република Македонија! Особено е задоволството што по повеќе од една декада отсутност, натпреварот беше обновен за учениците и професорите. Ни претставуваше чест да ги собереме на едно место вдахновените и подготвени ученици кои покажаа сериозни резултати на општинските и регионалните натпревари. Им се заблагодаруваме за учеството и им честитаме за одличните резулатати и постигања!Секако, посебна благодарност до професорите што ги поттикнаа своите ученици да се одлучат да го покажат своето знаење на овој натпревар, како и за тоа што беа нивна поткрепа и низ самиот процес! Се надеваме дека традицијата не само што ќе продолжи, туку и ќе се прошири за натпреварите од основно образование, по промената на Концепцијата и наставните програми по историја во основното образование, за што ЗИРМ се залагаше и ќе се залага.
Comments are closed.