Регионални и државен натпревар по Историја 2024 година

posted in: Настани | 0

Почитувани ученици и професори,

Здружението на историчари на Република Македонија согласно Статутот на Здружението и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2024 година на 13.04.2024 година го реализираше општинскиот натпревар, по што во следниот период ќе бидат организирани:

  • регионални натпревари на 27.04.2024 година и
  • државен натпревар на 18.05.2024 година.

Од есеите пристигнати во предвидениот рок, согласно поставените критериуми на регионалниот натпревар по историја, организиран од Здружението на историчари на Република Македонија, се пласираа следните ученици:

Поминати ученици

  1. Блаже Цурев, СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево
  2. Теона Златковска, СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево
  3. Анастасија Зафировска, СГГУ ГС „Здравко Цветковски“ – Скопје
  4. Марија Јакимова, СГГУ ГС „Здравко Цветковски“ – Скопје
  5. Дамјан Миленкоски, СГГУ ГС „Здравко Цветковски“ – Скопје
  6. Михаела Костадинова, (нема наведено училиште)
  7. Ален Велков, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  8. Галина Стрезоски, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  9. Даниел Тренчески, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  10. Ема Димовска, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  11. Дениција Илиевска, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  12. Јована Попоска, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  13. Андреа Саздова, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  14. Павел Монев, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  15. Дора Ристова, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  16. Билјана Савиќ, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  17. Сара Ѓорѓинска, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  18. Теона Цикарска, ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово
  19. Давид Младенов, ПСУ „Алгоритам“ – Скопје
  20. Матеј Шамаковски, СГГУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје
  21. Катерина Мишева, СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани
  22. Ева Тодоровска, ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово
  23. Сергеј Нацев, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски” – Велес
  24. Викторија Талевска, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски” – Велес
  25. Максим Смилков (нема наведено училиште).
  26. Љупчо Ќурчиски, “ОСУ “Ацо Русковски” Берово
  27. Лука Стоименовски, (нема наведено училиште)
  28. Дариа Милошеска, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  29. Аврамоска Леона, СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп
  30. Игор Христовски, СОУ„Славчо Стојменски“-Штип
  31. Ивона Котескa, СОУ ,,Св.Наум Охридски” – Македонски Брод
  32. Катерина Пенова, ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” Велес
  33. Јосиф Зоев, СОУ „Богданци“ – Богданци
  34. Марија Велкова-ПСУ ,,Јахја Кемал” – Скопје
  35. Бојан Стојаноски- ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  36. Илир Алији (нема наведено училиште)
  37. Ема Дупљак-ПСУ ,,Јахја Кемал’’ – Скопје
  38. Марина Каневче-ОСУ Св. Климент Охридски – Охрид
  39. Давор Пановски- ДСУ РЦСОО ,,Коле Неделковски
  40. Инослава Стаменковска- ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  41. Петар Пирганоски ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  42. Дуња Бачиќ- ОСУ Гимназија „ Св.Климент Охридски“ –Охрид
  43. Милан Зафиров- ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес
  44. Ангела Јованчева (нема наведено училиште)
  45. Нина Дукоска-ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  46. Димитар Аспровски- СУГС Гимназија “Никола Карев” – Скопје
  47. Горазд Гиговски- СУГС Никола Карев
  48. Максим Стојчев- ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  49. Ангела Трпеска СЕПУГС ,,Васил Антевски -Дрен” -Скопје
  50. Илина Бошева-ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  51. Кристина Божиновска- ОСУ.Климент Охридски, Охрид
  52. Огнен Наумоски-ПСУ „Jaxja Кемал” – Скопје
  53. Ања Арсовска-ПСУ „Jaxja Кемал” – Скопје
  54. Роберто Арсовски- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
  55. Бојан Митевски- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
  56. Марија Димитриевска- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
  57. Стефан Донев- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
  58. Михајло Кралев- СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
  59. Кристијан Димовски-СОУГ„ Кирил Пејчиновиќ“-Тетовo
  60. Емилија Кочоска-СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  61. Мери Лазовска- СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  62. Лина Спировска- СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  63. Мила Спироска- СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  64. Мартина Оклевска-СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  65. Сара Китановска-СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”-Тетово
  66. Софија Енџекчева- СОУ„Богданци“ – Богданци
  67. Љубиша Филипоски РЦСООУ „ МОША  ПИЈАДЕ“ – Тетово
  68. Матеј Костовски СУГС Гимназија ,,Панче Арсовски” – Скопје
  69. Нина Гапкова СУГС Панче Арсов- Скопје
  70. Стефан Берков СОУ Славчо Стојменов Штип
  71. Стефанија Димишкова СУГС Панче Арсов- Скопје
  72. Кирил Стојанов (нема наведено училиште)
  • Ева Тушевска СОУ Славчо Стојменов Штип
  • Трипунче Блажовски СУГС Никола Карев Скопје
  • Јелена Велкова, Методи Митевски- Брицо, IV-3, Делчево.
  • Андреј Стојчев ПСУ Алгоритам
  • Клара Ќуштеревска ПСУ Јахја Кемал
  • Ева Ивановска СОУ,, Методи Митевски Брицо; Делчево
  • Јовица Богдановски СОУ „Наум Наумовски – Борче“ Крушево
  • Мила Савиќ   СУГС Панче Арсов- Скопје
  • Марко Мишковски ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” Велес
  • Ана Марија Крчева ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово
  • Екатерина Атанасова ПСУ Алгоритам
  • Ангела Велковска СГГУ ГС Здравко Цветковски
  • Ева Лозаноска СОУ ,,Св.Наум Охридски; – Македонски Брод
  • Ема Лозаноска СОУ ,,Св.Наум Охридски; – Македонски Брод
  • Мила Божиноска, СГГУ ГС ,,Здравко Цветковски”
  • Никола Тодоровски, ОСУ “Ацо Русковски” – Берово
  • Матеј Ангелов ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски”
  • Андреа Димитровска СОУ „Методи Митевски- Брицо“ Делчево
  • Сунчица Мурџева     ПСУ Јахја Кемал
  • Марко Јанковски ССОУ„Коле Неделковски“-Велес
  • Ангела Митевска СОУ „Цар Самоил“-Ресен
  • Димитар Андоновски ОСУ „Ацо Русковски“-Берово
  • Лилјана Ајтовска СОУ Ацо Русковски Берово
  • Матеј Иванов (нема наведено училиште)
  • Софија Мирчевска    ПСУ Алгоритам
  • Павел Стојковски      ПСУ Алгоритам
  • Петар Василев СУГС Лазар Танев Скопје
  • Фебруарски поход     немаЛука Трајковски (нема наведено училиште)
  • Теодора Трпоска СОЕУ„Јане Сандански”-Битола

Критериуми за учество на регионалните натпревари:

Регионалните натпревари ќе се одржат on line.

За учество на регионалните натпревари потребно е ученикот да напише есеј на тема по сопствен избор, со можност да ја прошири претходно пишуваната тема со која учествувал на општинскиот натпревар, по подолу наведените критериуми и да го достави на посочената маил адреса.

Критериуми за пишување на есеј:

  • да имаат воведен, главен и завршен дел,
  • да бидат за личност или настан од историска тематика,
  • да бидат на теми од македонска национална историја,
  • од 1000 до 1500 зборови,
  • да има најмалку 5 цитирања,
  • по текстот да биде наведена користената литература,
  • да бидат пишувани во Times new roman со македонска поддршка со фонт 12,
  • да бидат испратени најдоцна до 27.04.2024 година на е-меил  адресатa: istorija.natprevar@gmail.com.
  • Во word да бидат наведени името на ученикот и училиштето.

Учество на натпреварите можат да земат сите ученици од средните училишта во Република Македонија.

Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 3 дена по натпреварот.

Со почит,

ЗИРМ

Предавање на д-р Бојана Радовановиќ од Универзитетот во Виена / Радбоуд Универзитет, Најмеген

posted in: Настани | 0

Имаме особено задоволство да Ве поканиме на предавањето на д-р Бојана Радовановиќ од Универзитетот во Виена / Радбоуд Универзитет, Најмеген, насловено „Medieval Macedonia and its Medial Role in the History of Balkan Bogomilism: Center and Crossroad of Literacy, Orthodoxy and Heterodoxy”, кое во во организација на Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ) со поддршка од Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи на 29 март 2022 г. (вторник), со почеток во 12:00 во свечената сала на Филозофскиот факултет.  
Во согласност со протоколите за COVID 19, предавањето ќе се реализира хибридно, со физичко присуство, како и преку online платформата Microsoft Teams. Линкот за online вклучување ќе ви биде испратен дополнително.

Предавањето се однесува на средновековна Македонија од аспект на нејзиното географско, духовно и книжевно средиште. Меѓу другото ќе биде засегнат и феноменот на богомилството како автентична духовна појава, чиишто почетоци територијално се поврзуваат со средновековна Македонија и присутни се во континуитет сѐ до неговото исчезнување во 15 век. Предавањето ќе се фокусира на фундаменталната улога на Македонија имајќи ја предвид нејзината средишна географска местоположба, патната мрежа, но и богатата книжевна и духовна традиција.

Предавањето претставува дел од научната програма на ЗИРМ за одбележување на 70-годишнината од своето основањето, како и 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Модератор на предавањето ќе биде проф. д-р Маја Ангеловска-Панова

Истражи ја Скопска Црна Гора

posted in: Настани | 0

Во текот на месец јули (15-20) се одржа летната школа во организација на ЗИРМ како дел од проектот „Истражи ја Скопска Црна Гора“. Како резултат од истата произлегоа, т.е. беше изработена мапа за културните знаменитости на овој Скопски регион, со што се надеваме дека ќе биде дополнителен придонес за негово туристичко заживување. Исто така беше изработен и видео клип (во прилог) со истата намена.

Доделени наградите за „Скопје памти: 55 години од скопскиот земјотрес“ – концептуален натпревар на ЗИРМ

posted in: Настани | 0

На ден 3.11.2018 година (сабота) се одржа вториот дел од проeктот „Скопје памти: 55 години од Скопскиот земјотрес“ во организација на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ), Скопје и соработка на Град Скопје. Настанот се реализира во просториите на Институтот за национална историја (ИНИ).

Во првиот дел од настанот беше одржано предавање на професори од ИНИ поврзано со катастрофалниот земјотрес што го погоди градот Скопје во 1963 година. Свои излагања имаа: проф. д-р Катерина Мирчевска, проф. д-р Лидија Ѓурковска и доц. д-р Александар Манојловски.

Во вториот, свечен, дел беа доделени наградите од натпреварот одржан на 27.10.2018 година во Гимназијата „Никола Карев“, на кои земаа учество ученици од скопските гимназии. Прво место освои ученикот Никола Чаѓановиќ од гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, второ место ученикот Виктор Јовчески од гимназијата „Никола Карев“ и трето место ученичката Марија Јанева од гимназијата „Георги Димитров“.
Првите тројца пласирани добија соодветни награди, а воедно и сите учесници добија про една книга од книжниот фонд на ИНИ. Исто така, учесниците на натпреварот и нивните ментори добија благодарници и сертификати за нивното учество во проектот „Скопје памти: 55 години од Скопскиот земјотрес“.