Повик за регионален натпревар

Почитувани ученици и професори,


Здружението на историчари на Република Македонија согласно Статутот на
Здружението и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2026 година
на 14.03.2026 година го реализираше општинскиот натпревар, по што во следниот
период ќе бидат организирани:

  • регионални натпревари на 18.4.2026 година и
  • државен натпревар на 23.5.2026 година.

Од есеите пристигнати во предвидениот рок, согласно поставените критериуми на
регионалниот натпревар по историја, организиран од Здружението на историчари на
Република Македонија, се пласираа учениците кои се наведени на списокот подолу.
Регионалните натпревари ќе се одржат онлајн.

Критериуми за учество на регионалните натпревари:
За учество на регионалните натпревари потребно е ученикот да напише есеј на тема по
сопствен избор, со можност да ја прошири претходно пишуваната тема со која
учествувал на општинскиот натпревар, по подолу наведените критериуми и да го
достави на посочената електронска адреса.

Критериуми за пишување на есеј:

  • да има наслов и јасно поделени воведен, главен и завршен дел;
  • да биде за личност или настан од историска тематика;
  • да биде на теми од македонска национална историја;
  • да биде од 1500 до 2000 зборови (тука не спаѓаат фуснотите, користената литература,
    насловот и информациите за ученикот)
  • под текстот да биде наведена користената литература по азбучен ред;
  • да биде напишан во фонт Times New Roman, големина 12, проред 1,15 и порамнет од
    двете страни;
  • да биде испратен во Word формат (.docx);
  • да има најмалку 15 наведувања на референци во фуснота (цитирања) од најмалку 5
    (пет) различни дела од релевантна историска литература, како по следниот редослед:
    Име Презиме на авторот, Наслов на делото во курзив (италик), Издавач, Место на
    издавање, Година, стр. XX. (Пример: Наде Проева, Студии за античките Македонци,
    Macedonia Prima, Охрид, 1997, стр. 44.);
  • да биде испратен најдоцна до 18.4.2026 година на електорнската адреса:
    istorija.natprevar@gmail.com;

во горниот лев агол на документот обврзно да стои име и презиме на ученикот, назив
на училиштето и име и презиме на менторот;

Се препорачува менторите што имаат повеќе ученици, да ги испратат нивните есеи
заедно прикачени во една електронска порака.
Учество на натпреварите можат да земат сите ученици од средните училишта во
Република Македонија кои се пласираа на регионалниот натпревар.
Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 3 дена по натпреварот.
Учениците кои ќе се пласираат на државниот натпревар по историја ќе бидат известени
за критериумите, начинот, местото и времето на одржување на државниот натпревар.
Котизацијата за учество на државниот натпревар ќе изнесува 800,00 денари. На
учесниците ќе им биде обезбедена литература во ПДФ, која ќе биде доставена на
електронските адреси на учесниците.


Со почит,
ЗИРМ

Leave a Reply

Your email address will not be published.