Соопштение за натпреварите по историја

Почитувани,

Здружението на историчари на Република Македонија во 2023 година се стекна со акредитација за организирање на натпревари по историја за средно образование.
Согласно добиената акредитација, како и согласно Статутот на Здружението на историчари на Република Македонија и Календарот за организирање на натпревари по историја за 2026 година, во следниот период ќе бидат организирани:

  • општински натпревари на 14.03.2026 година;
  • регионални натпревари на 18.04.2026 година и
  • државен натпревар на 23.05.2026 година.

Општинските и регионалните натпревари ќе се одржат онлајн.

За учество на општинскиот натпревар потребно е ученикот да напише есеј на тема по сопствен избор, согласно подолу наведените критериуми и да го достави на посочената електронска адреса.

Критериуми за пишување на есеј:

  • да има јасно поделен воведен, главен и завршен дел;
  • да биде за личност или настан од историска тематика;
  • да биде на теми од македонска национална историја;
  • да биде од 500 до 700 зборови;
  • да биде напишан во фонт Times New Roman, големина 12, проред 1,15;
  • да има најмалку 5 (пет) референци во фуснота (цитирања) од најмалку 2 (две) различни дела од релевантна историска литература, како по следниот редослед: Име Презиме на авторот, Наслов на делото во курзив (италик), Издавач, Место на издавање, Година, стр. XX. (Пример: Наде Проева, Студии за античките Македонци, Macedonia Prima, Охрид, 1997, стр. 44.);
  • да бидат испратени најдоцна до 14.03.2026 година на електорнската адреса: istorija.natprevar@gmail.com;
  • во горниот лев агол на документот обврзно да стои име и презиме на ученикот, назив на училиштето и име и презиме на менторот;

Учество на натпреварите можат да земат сите ученици од средните училишта во Република Македонија.

Резултатите ќе бидат објавени најдоцна 3 дена по натпреварот.

Comments are closed.