Списание Историја

Списанието ИСТОРИЈА, коешто излегува во рамките на активностите на Здружението на историчарите на Република Македонија (ЗИРМ) претставува релеватен фактор за развој и афирмација на историската наука и методиката на наставата по историја. Станува збор за списание со долгодишна традиција (1965) во кое објавувале еминентни домашни и странски научни работници. Од 2012 година текстовите во списанието ИСТОРИЈА се печатат на македонски јазик и на светските јазици и со меѓународна редакција.
Списанието е од интердисциплинарен карактер и содржи прилози во кои се обработуваат различни аспекти од историјата и воопшто од културата во Македонија, почнувајќи од античкиот период па се до нашето современие.
Освен научно-историска проблематика списанието содржи и прилози во кои се разработуваат новите методологии и дидактички потфати во организирањето на часовите по историја во средните училишта. Тука особено треба да се истакне улогата на професорите по историја, кои со свои наслови и сугестии придонесуваат за развој и усовршување на квалитетот на наставата по историја во Република Македонија следејќи ги најсовремените трендови во образованието за аудио-визуелно презентирање на обработувата проблематика. Списанието ИСТОРИЈА изобилува со различни материјали, известувања за историски и културните настани, научни собири, прикази, рецензии и библиографии. Широкиот спектар на опфатени теми придонесува за евидентна афирмација на списанието ИСТОРИЈА меѓу учениците од средните училишта и студентите кои настојуваат да го надградат своето знаење од областа на историската наука во поширока смисла, но и за активностите на Здружението на историчарите како активен и релевантен субјект за развој и афирмација на историската наука и наставата по историја во Република Македонија.


РЕДАКЦИЈА

Драгица Поповска (Македонија, главен и одговорен уредник)
Маја Aнгеловска – Панова (Македонија)
Наташа Котлар – Трајкова (Македонија)
Лилјана Гушевска (Македонија, јазична редакција)
Ленина Жила (Македонија)
Драган Зајковски (Македонија)
Клер К. Тејлор (Велика Британија)
Ендрју П. Роач (Велика Британија)
Јури Стојанов (Велика Британија)
Денис Озден (Турција)
Лила Мороз – Гжелак (Полска)
Марио Катиќ (Хрватска)
Марина Михаиловна Фролова (Русија)
Стефан Родевалд (Германија)
Билјана Кочишка (Македонија, секретар)